Македонија Јубилеј

Црвениот крст на РМ ќе одбележи 80 години, на настанот ќе се обрати премиерот Мицкоски

Во знак на благодарност за поддршката и афирмацијата на хуманите вредности, генералниот секретар Саит Саити ќе му врачи на премиерот Мицкоски признание — Медал на Црвениот крст на Република Македонија, како симбол на благодарност за неговата заложба за поддршка на хуманитарната мисија на организацијата, информира Црвен крст на РСМ

Црвениот крст на РМ ќе одбележи 80 години, на настанот ќе се обрати премиерот Мицкоски

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе одбележи 80 години од основањето, а по повод јубилејот на организацијата ќе се обрати и претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Премиерот ќе има средба со генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, Саит Саити, и со волонтерите, од кои ќе биде запознат со дел од активностите на организацијата.

Во фокусот на разговорот ќе биде улогата на Црвениот крст во унапредувањето на хуманоста и солидарноста, тековните активности на организацијата, а посебен акцент, како што најави Црвен крст на РМ, ќе биде ставен на неодамнешниот хуманитарен одговор по пожарот во Кочани.

-Во знак на благодарност за поддршката и афирмацијата на хуманите вредности, генералниот секретар Саит Саити ќе му врачи на премиерот Мицкоски признание — Медал на Црвениот крст на Република Македонија, како симбол на благодарност за неговата заложба за поддршка на хуманитарната мисија на организацијата, информира Црвен крст на РСМ.

Најнови вести од Македонија

To top