Останати спортови F1

Извршната директорка на Мерцедес дала зелено светло за Макс

Извршната директорка и претседателка на одборот на директори на Мерцедес-Бенц групацијата, Ола Калениус, дала зелено светло за потпишувањето на договор со четирикратниот шампион Макс Верстапен.

Извршната директорка на Мерцедес дала зелено светло за Макс

Извршната директорка и претседателка на одборот на директори на Мерцедес-Бенц групацијата, Ола Калениус, дала зелено светло за потпишувањето на договор со четирикратниот шампион Макс Верстапен.

Наводно, парите кои би требало да се исплатат за да се откупи неговиот сегашен договор со Ред Бул не претставувале проблем за Мерцедес, а станува збор за клаузула вредна 102 милиони евра.

Претходниот викенд за време на трката во Силверстоун, самиот Макс Верстапен беше воздржан пред новинарите и изјави дека би сакал да остане во својот сегашен клуб, но не ги негираше гласините дека членови од неговиот тим веќе се сретнале со претставници од Мерцедес за да разговараат за потенцијалното префрлување во нивниот тим.

Шефот на Ред Бул, пак од друга страна, повторно ги смируваше гласините со изјавите дека сите членови од тимот се на иста страна и дека Верстапен ќе остане со нив сигурно до крајот на истекувањето на неговиот договор, кој трае до 2028 година.

Не е тајна дека шефот на тркачкиот тим на Мерцедес, Тото Вулф, во повеќе наврати има изјавено дека сака да го донесе Макс во своите редови, а тој веќе еднаш ја има пропуштено шансата токму на сметка на Ред Бул, кога во 2014 година Верстапен кој уште беше тинејџер реши да донесе одлука во полза на австрискиот тим.

Тото потоа откри дека не го “бркал” Верстапен подоцна, бидејќи му ветил на тогашниот возач Луис Хамилтон дека сè додека тој вози за него, нема да го донесе Макс. Но, сега откако Хамилтон вози за Ферари, сите опции се повторно во игра.

Многумина веруваат дека токму носењето на младиот Кими Антонели во Мерцедес на местото на ветеранот Луис Хамилтон, беше своевидно искупување на Вулф за таа пропуштена шанса, решавајќи овој пат да даде шанса на млад неискусен возач во својот тим.

To top