Македонија 11 јули

Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Во Собранието денеска ќе биде одбележан 11 јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Во Собранието денеска ќе биде одбележан 11 јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Како што информираат од собраниската прес-служба, настанот ќе го модерира пратеникот на „Левица“ Амар Мециновиќ, а ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, претставничката на Координативното тело за одбележување на 30-годишницата од Сребреница, Селма Ризвановиќ Мандал, претставникот на Бошњачкиот Национален Сојуз, Џевад Хот и Муамер Џанановиќ, директор на Институтот за истражување на злочинот Сарајево.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во понеделникот на брифинг со новинарите информира дека собраниски службеник, а не претставник на невладините организации ќе претседава со седницата. Тој е уверен дека со тоа, како што рече, нема да се повтори случајот од лани кога сеќавањето на жртвите беше злоупотребено за молитва во законодавниот дом.

Најнови вести од Македонија

To top