-Секаде ги има тие што ќе ти речат „само еден човек“, како да сме сите заменливи. Но не, не се среќава често човек со душа што зрачи како ангел. Такви души не доаѓаат случајно тие се испратени по Божја промисла, тогаш кога најмногу ти треба некој што ќе види зад тишината на едно дете“, објави Амела Мемиш Апосоловска на својот фејсбук профил.
Таа, наведе дека официјално го посетиле заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и додаде: Често велам дека ако сакаш да ја видиш вистинската душа на некој човек запознај го преку очите на дете со аутизам. Тие никогаш не грешат. Тие го чувствуваат тоа што ние заборавивме да го препознаваме душата човечноста.
„Со години талкав од врата на врата. Со надеж. Со страв. Со Леон за рака и со срце полно со зборови што никој не ги слушаше.
А денес… денес, во најобично утро, по најсвета патека, ни дојде човекот што не се плаши да клекне до дете, да го разбере, да го слушне и да го прегрне со душа не со зборови. Човекот што не зборува за инклузија туку ја живее.
Ѓоко Велковски.
Непосреден. Спонтан. Интелигентен. Слободен во умот, а со срце што чука за сите деца. Не само за моето. За сите. За нивните родители. За нивните стравови и сништа. Човек кој не се крие зад функци туку гради социјални политики што се движат со детски чекори, тивки, но моќни.
И додека некои гледаат од високо, недостапни зад канцелариски врати, тој го фати Леон за рака. Се повозија во лифт. Се смееја. Разговараа. За сè што Леон сакаше. Без протокол. Без глумење.
Само со срце.
Благодарам за времето издвоено за нашиот разговор, за вниманието, за прифаќањето. Благодарам што во текот на целиот разговор со љубов и трпеливост одговараше на прашањата на Леон. Тие моменти не се забораваат. Македонија треба да биде горда што има ваков човек кој не само што служи, туку и живее за другите.
Ќе кажам и за себе, ништо никогаш не ми било сервирано на сребрен послужавник. Сѐ што направив и сѐ што правам, го правам хуманитарно со Божја помош. И токму оваа средба е одговор на моите молитви. Да ми прати Бог луѓе кои носат светлина. Луѓе кои не се само луѓе туку Боголики чеда меѓу нас.
Од срце благодарам.
Национална психолошко-мотивациска турнеја продолжува.
Како паталец а не гаталец нема да ги оставам родителите сами. Секогаш тука за вас заедно со Леон“, наведува во објавата Апостоловска.