Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски зема учество на меѓународната конференција за регионален развој во Гевгелија.
„Иднината започнува локално“ – одличен повод за размена на идеи, искуства и визии за одржлив развој во брзопроменлив свет- објави Стојкоски.
Свој придонес дадоа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот Златко Перински, амбасадорката Вероник Улман и бројни високи претставници од земјава и регионот.
-Заедничкиот напредок е возможен само со поддршка, дијалог и соработка – особено кога Владата вложува директно во локалните проекти, потенцира Стојкоски.