Македонија каде се гори во моментот?

ЦУК: Активни девет пожари, локализиран еден

ЦУК: Активни девет пожари, локализиран еден

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за состојбата со пожари до 12:30 часот.

Оттаму велат вкупно пожари на отворен простор има 10.

Активни: 9
Локализиран: 1
Под контрола: /

АКТИВНИ (9):

1. Опш. Прилеп – с. Бешиште (приземен во мешана шума)
2. Опш. Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (дабова шума и грмушки)
3. Опш. Македонски Брод 2 – с. Самаково (лесно запалив материјал)
4. Опш. Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска вегетација)
5. Опш. Чашка – под Солунска Глава, Изворите на Бабуна – Бабина Дупка (само чад во карпест предел)
6. Опш. Пробиштип – с. Петршино (ниска вегетација и стрниште)
7. Опш. Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација)
8. Опш. Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија)
9. Опш. Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)

Најнови вести од Македонија

To top