-До доцна во ноќта општинскиот кризен штаб беше активен и ја следеше состојбата со пожарите кои ја зафатија Скопска Црна Гора, објави Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел.
Тој истана дека по разговор со командирот на полициската станица и со останатите надлежни институции, Општина Бутел својата меганизација ја стави на располагање и спремна за делување.
Вчеравечер доброволни екипи од месната заедница Љубанци учествуваа во гаснење и локализирање на пожарите.
-Остварив и телефонски разговор со општествено одговорни компании кои можат дел од својата градежна механизација да стават на располагање, потенцира Костовски.