Шведска потпиша договори вредни повеќе од 484 милиони евра со германскиот „Рајнметал“ и норвешкиот „Намо“ за купување артилериска муниција, соопшти Министерството за одбрана на земјата.
Министерот за одбрана Пал Јонсон го нарече договорот „важна инвестиција во безбедноста на Шведска и НАТО“, нагласувајќи дека нарачката ќе ги зајакне одбранбените капацитети на Шведска.
Договорот со „Рајнметал Денел Мунишн“, подружница на германската одбранбена компанија, вреди повеќе од 347,8 милиони евра и вклучува артилериски гранати и погонски полнења за шведскиот артилериски систем „Арчер“.
Договорот со компанијата „Намо“, вреден неколку милиони евра, се однесува на испорака на високоексплозивни гранати со продолжен дострел (ХЕ-ЕР) од калибар 155 мм.