Твитерџиите“ беа жестоки во однос на несреќната гастрономска идентитетска експертиза на еврокомесарката Марта Кос, која „за сите пари“ се излизга во Скопје со констатацијата:„Идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, тоа е нешто што го носиме во нашите срца и души, тоа е како ја чувствуваме нашата татковина, како се грижиме за нашата традиција. На пример, за манастирите, погачата, тавче-гравчето, полнетите пиперки, како ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик. И никој ова не може да ви го одземе“
Одговорот на твитерџиите беше јасен и без ракавици:
„Што има за ручек мамо: Идентитет сине“.
„Ако нашиот идентитет е полнета пиперка, за Бугарите што е? Бугарски ќебап?“.
„Ја замислувам Кос како во Атина им вика дека идентитетот им е цаѕики, а на Србите во Белград дека идентитетот им е лесковачки роштиљ“.
„Кос се лизна на полнета пиперка“…
“Република: Турлитава …(Загорена, Загорена Турлитава – еве да не се увреди некој од комшие)
Јазик: Кисела урда сс пуно пиперчиња
Знаме: Заапана Сончоглед погача”
Доста ли су овија податоци или још некоју теглу сс зимницу да додам за да ме идентификуев на границу?“
„За идентитет не било битно име и јазик и фолклор туку тавче гравче и пунети пиперки ко да сме ресторан и аплицираме за Мишелин ѕвезда со Алачка за претседател“.