Фудбал кралеви

Реал не сака ни да слушне за заминување на Гонзало, тој останува на Бернабеу!

Младиот Гонзало Гарсија импресионираше за време на Светското клупско првенство со четири гола и една асистенција во пет натпревари.

Веднаш се јавија заинтересирани клубови за неговиот потпис, но Чаби Алонсо е многу среќен со Гонзало и неговата порака до раководството е дека тој мора да остане.

Реал Мадрид нема да го пушти ниту на позајмица ниту на перманентен трансфер, сите понуди за него ќе бидат одбиени.

Ќе биде интересно да се види каква минутажа ќе има во новата сезона со оглед на тоа што на неговата позиција е Килијан Мбапе.

Напаѓач треба да биде и Ендрик, но последните информации велат дека тој ќе игра на десната крилна позиција или ќе замине од клубот.

To top