Кошарка Познат поширокиот список

Лука Дончиќ ќе ја предводи Словенија на ЕП

Лука Дончиќ ќе ја предводи Словенија на ЕП

Словенечката кошаркарска репрезентација го објави поширокиот список од 19 играчи за претстојниот Евробаскет, а како што и се очекуваше, лидерот на тимот ќе биде ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ.

Селекторот Александар Секулиќ реши најпрво да го соопшти проширениот ростер, во кој се наоѓаат проверени имиња, како и неколку млади таленти.

Новитет има и во стручниот штаб, а тоа е Грега Сент Жена кој е актуелен помошник на ЏејЏеј Редик во ЛА Лејкерс. Тој ѝ се приклучи на селекцијата како асистент.

Словенија ќе се натпреварува во групата Д, каде што ќе ги одмери силите со Франција, Полска, Израел, Белгија и Исланд.

To top