Кошарка

Феникс Санс на Букер му понуди неверојатен договор

Феникс Санс на Букер му понуди неверојатен договор

Феникс Санс и Девин Букер постигнаа договор за продолжување на соработката. Американскиот бек ќе остане во Аризона најмалку уште две сезони, со цел конечно да ја донесе посакуваната титула во најдобрите години од својата кариера.

Новиот договор, кој сè уште не е официјализиран, му носи на Букер импресивни 150 милиони долари – по 75 милиони по сезона. Тој веќе има актуелен четиригодишен договор од 220,4 милиони долари, што значи дека сега е врзан за Санс најмалку до крајот на сезоната 2029/30.

Минатата година  Девин Букер  просечно постигнуваше 25,6 поени, 7,1 асистенција и одигра 75 натпревари.

 

To top