Феникс Санс го испраќаат Кевин Дурант во Хјустон Рокетс, а Џејлен Грин и Дилон Брукс одат во спротивна насока, според инсајдерот на ESPN, Шамс Чаранија. Покрај нив, Финикс ќе го добие и десеттиот избор на драфтот во 2025 година и уште пет избори во втората рунда од драфтот.
Овој трансфер ја завршува двегодишната епизода на Дурант со Санс, која ја започна со пристигнување од Бруклин Нетс во голема размена пред преодниот рок во 2023 година. Потоа, во замена за Дурант, Нетс ги добија Микал Бриџис, Кам Џонсон и четири избори од првата рунда на драфтот.
Санс сакаа да ги комбинираат Дурант со Девин Букер за да се обидат заедно да ја освојат шампионската титула во исклучително конкурентната Западна конференција, но тимот никогаш не успеа да направи сериозен пробив.