Македонија

Ѓорѓиевски ги започна посетите на општините во Скопје, денеска средба со наставниците од Општина Бутел

Ѓорѓиевски стартуваше од Бутел каде како што вели, заедно со градоначалникот Дарко Костовски, оствариле искрен и продуктивен разговор со просветните работници – наставниот кадар од сите 8 основни училишта во Општина Бутел.

Ѓорѓиевски ги започна посетите на општините во Скопје, денеска средба со наставниците од Општина Бутел

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчера истакна дека од денеска започнува со теренски посети и средби со граѓаните од чии предлози ќе се формира и програмата со кој тој ќе настапи на локалните избори.

Ѓорѓиевски стартуваше од Бутел каде како што вели, заедно со градоначалникот Дарко Костовски, оствариле искрен и продуктивен разговор со просветните работници – наставниот кадар од сите 8 основни училишта во Општина Бутел.

-Разговаравме отворено за секојдневните предизвици со кои се соочуваат наставниците. Посебно внимание посветивме на нивните предлози за унапредување на образованието на локално ниво – практични, искрени и добронамерни идеи кои ќе бидат основа за нашето делување. Наставниците не се само преносители на знаење, туку се носители на иднината. Наша должност е да ги слушаме, почитуваме и поддржуваме.
Заедно можеме да направиме повеќе – затоа што секој час во училница е инвестиција во утрешниот ден, вели Ѓорѓиевски.

Му се заблагодари на колегата Костовски за пречекот и му честиташе за досега стореното за граѓаните во Општина Бутел.

-Наследи девастирана општина која сега, речиси четири години подоцна е променета до непрепознатливот, секако на подобро. На најдобро. И убеден дека на претстојните локални избори Дарко ќе ја добие поддршката уште во првиот круг. Убеден сум во неговата силна желба да направи за своето место на живеење, убедени се и граѓаните. А ние заедно, со поддршка од градот Скопје ќе направиме дела по кои ќе нѐ паметат.  За Бутел и сите скопски општини – најдоброто допрва доаѓа!, вели Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top