Македонската ракометна репрезентација е комплетна. Од денеска на тренинзите се приклучи искусниот голман, Никола Митревски, кој имаше обврски со својот тим Порто и доби ден одморот од селекторот.
Кирил Лазаров и неговите избраници првата фаза од подготовките ја одработуваат во Стара Пазов каде ќе одиграат еден контролен натпревар против селекцијата на Црна Гора.