Во синоќешните руски напади со беспилотни летала врз неколку области во Украина загинаа најмалку четири лица, а 36 се повредени, соопштија украинските власт.
Во регионот на Суми две лица загинаа, а две се повредени, во регионот Херсон еден човек загина, а двајца се повредени, едно лице е убиено во регионот Одеса, а 27 се повредени во регионот Харков, а петмина се повредени во регионот Дњепропетровск, соопштија регионалните гувернери и градоначалниците на погодените области.
– Руски беспилотни летала го нападнаа и Киев, оштетувајќи згради, но нема жртви, напиша градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко на Телеграм.