Македонија

Мисајловски: Во судството не чека многу работа, срамно е што во обвинителството и правосудството граѓаните немаат доверба

Мисајловски: Во судството не чека многу работа, срамно е што во обвинителството и правосудството граѓаните немаат доверба

Јас мислам дека верноста во судството сите граѓани знаат не само тие два проценти од анкетите кава е, полека и опаѓа, јас многупати велам дека тие што имаат врски се тие два проценти, другите се сите незадоволни. Таму треба огромни реформи, во судството и правосудството има добри закони и таму човечкиот фактор е пресуден за ова што се прави, ова денеска во Дневникот на МТВ 1 го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владон Мисајловски.

Сите овие луѓе дали сегашниот обвинител или сите заедно, околу себе сите соработуваа со години, со рекети и корпуции и паѓање на општеството на такво дно се гледа тие кадри, врпочем таму ни треба многу работа, бидејќи слушнавме и од САД вложени се 500 милиони долари за подобрување на судството, зарем не е срамно во самата институција, обвинителство судство, правосудство да видат дека некој пробува да им помогне, но сепак зависи од тие луѓе што се внатре, вели Мисајловски.

Тој додава дека таму треба рестар и многу да се работи.

To top