Фудбал “Чистка” во Јунајтед

Пет фудбалски ѕвезди си одат од “Олд Трафорд”

Пет фудбалски ѕвезди си одат од “Олд Трафорд”

Вистински “земјотрес” го тресе “Олд Трафорд”. Според последните информации кои доаѓаат од Англија, во Манчестер Јунајтед владее тотален хаос откако дури петмина играчи од првиот тим официјално го информирале клубот дека сакаат да си заминат ова лето.

На листата за заминување се наоѓаат Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Тајрел Маласија и Џејдон Санчо. Поради ова, клубот го одложил нивното враќање на подготовките за подоцна во јули, со цел да се најдат решенија и да се комплетираат нивните трансфери.

To top