Македонија 4 Јули

Мицкоски по повод Денот на независноста на САД: Нашето стратешко партнерство е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит

-Нека 4 Јули биде потсетник дека заедно, како пријатели, партнери и сојузници, можеме да изградиме послободен, побезбеден и попросперитетен свет, напиша Мицкоски на Фејсбук. 

Мицкоски по повод Денот на независноста на САД: Нашето стратешко партнерство е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави во која пишува дека стратешкото партнерство со САД е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит.

– Овој ден е симбол на слободата, демократијата и стремежот кон подобро утре, вредности кои и ние ги споделуваме и кон кои се стремиме. Нашето стратешко партнерство со САД е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит. Благодарни сме за континуираната поддршка на Соединетите Држави на македонските реформски процеси, безбедносната стабилност и евроатлантската интеграција. Нека 4 Јули биде потсетник дека заедно, како пријатели, партнери и сојузници, можеме да изградиме послободен, побезбеден и попросперитетен свет, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top