Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со потполковникот Шон Руфоло, шеф на Канцеларијата за одбранбена соработка на САД, кој го завршува својот мандат во Македонија.
-Изразив благодарност за одличната соработка, поддршката и конкретниот придонес во градењето на стабилно и доверливо партнерство меѓу нашите одбранбени институции. Му посакувам успех во новите предизвици што следуваат, истакна Мисајловски.