Претседателот на Собранието Африм Гаши воведува пракса за понеделнички неформален брифинг со новинарите кои ја следат работата на законодавниот дом, сметајќи дека на тој начин дополнително ќе придонесе во реализацијата на една од стратешките цели на институцијата за целосна отвореност и отчетност кон граѓаните.
Покрај редовните неформални средби што се одржуваат на крајот на секој месец, отсега секој понеделник, по завршувањето на координацијата на претседателот со координаторите на пратеничките групи, новинарите ќе имаат можност за кус брифинг со претседателот Гаши.
Брифинзите ќе се однесуваат на активностите кои се договорени на координацијата, односно претседателот ќе информира за обврските што се предвидени за следната недела.
Ве известуваме дека брифингот ќе трае околу 20 минути, без камери и без изјава на претседателот на крајот од средбата.
Првиот неделен брифинг на претседателот Гаши ќе се одржи в понеделник (7 јули), со почеток во 11:15, часот – во Уставната сала во Собранието.