Фудбал погребот е закажан за утре

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Хозе Мануел Маседо, локалниот парохиски свештеник, изјавил дека бдение ќе се одржи во 8 часот наутро во блиската Капела де Резуреикао пред нивниот погреб во католичката црква Игреха Матриз веднаш до неа во 10 часот наутро во сабота (локално време).

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени.

Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи на фудбалерите, ги пречекаа своите сограѓани со аплаузи и бура емоции, додека погребалните возила со нивните тела поминуваа по улицата до капелата.

Трагедијата одекна низ целиот свет. Но, нивната загуба најболно се чувствува во нивното родно место.

Ожалостените утрово во црквата во Гондомар оддаваат почит на загинатите браќа кои ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа во Шпанија. Нивните тела, пристигнаа во родниот град, 23 часа по трагедијата.

Хозе Мануел Маседо, локалниот парохиски свештеник, изјавил дека бдение ќе се одржи во 8 часот наутро во блиската Капела де Резуреикао пред нивниот погреб во католичката црква Игреха Матриз веднаш до неа во 10 часот наутро во сабота (локално време).

– Достапни сме да го прославиме [нивниот живот] со сите и да споделиме болка и христијанска надеж – изјави Маседо за Си-Ен-Ен.

To top