Фудбал колеги во репрезентација

Роналдо скршен по смртта на Жота: Ова нема никаква смисла

Фудбалскиот свет утринава остана во шок и неверување по веста дека фудбалерот на Ливерпул Жота и неговиот три години помлад брат загинале во сообраќајна несреќа.

Роналдо скршен по смртта на Жота: Ова нема никаква смисла

Кристијано Роналдо е еден од првите фудбалери кои се огласија по трагичната смрт на Диого Жота (28) и неговиот брат.

Жота и Роналдо беа соиграчи во репрезентацијата на Португалија, а Кристијано во објавата на социјалните мрежине можеше да ги сокрие емоциите и шокот.

-Нема никаква смисла. До предмалку заедно бевме во репрезентацијата, до предмалку беше оженет. На твоето семејството, твојата сопруга и децата им испраќам сочувство и им ја посакувам сета сила на овој свет. Знам дека секогаш ќе бидеш со нив. Почивајте во мир, Диого и Андре. На сите ќе ни недостигате, објави Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Фудбалскиот свет утринава остана во шок и неверување по веста дека фудбалерот на Ливерпул Жота и неговиот три години помлад брат загинале во сообраќајна несреќа.

Жота на 22 јуни се ожени со својата долгогодишна партнерка со која има три деца.

To top