Скопје јавно незадоволство од избор на гости

„Овие двајца незгодно насмејани ви беа во прв ред…“: Данела Aрсовска ја искара амбасадорката Агелер

Од амбасадата на САД на прашање на ТВ 24 како го коментираат ставот на градоначалничката на Скопје, во однос на гостите за кои таа тврди дека се поврзани со криминал, кратко, логично, дипломатски и куртоазно и’ одговорија…

„Немаме коментар за забелешките на градоначалникот“

За потсетување, Данела Арсовска не беше меѓу поканетите. По оваа нејзина реакција, толкуваат познавачите, амбасадата на САД сигурно ќе ја консултира за изборот на гости за следната прослава на 4-ти јули…

„Овие двајца незгодно насмејани ви беа во прв ред…“: Данела Aрсовска ја искара амбасадорката Агелер

Скопската градоначалничка не застана со критика на медиумите, Владата, скопските градоначалници, македонските инфлуенсери и остатокот од македонското општество. Деновиве тие здивнаа. Најнова мета на Данела Арсовска е американската амбасадорка Ангела Агелер, која се најде на  нишан поради изборот на гости, меѓу кои не е градоначалничката. Во „честитката“ која започнува со класично „Добро утро, Амбасадорке Агелер…“, Арсовска која не беше поканета на годинешниов прием, јавно и гласно го искажа своето незадоволство од изборот на гости за чествувањето на 4-ти мај во Амбасадата на САД и во познат манир и пиша на амбасадорката на социјалните мрежи:

„Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои институциите имаат цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во амбасадате вчера.“

За промена, не ја нарече амабсадорката како што постојано ги прозива скопските градоначалници и останати политички опоненти, Орценце, Аценце, Висарче. Ангела овде не беше Ангелче или Ангелченце, Енџи, Ацка…

Од амбасадата на САД на прашање на телевизија 24 како го коментираат ставот на градоначалничката на Скопје, во однос на гостите за кои таа тврди дека се поврзани со криминал, кратко, логично, дипломатски и куртоазно и’  одговорија…

„Немаме коментар за забелешките на градоначалникот“

За потсетување, Данела Арсовска не беше меѓу поканетите. По оваа нејзина реакција, толкуваат познавачите, амбасадата на САД сигурно ќе ја консултира за изборот на гости за следната прослава на 4-ти јули…

To top