Хроника ОВР Пробиштип

Пијан возач излетал од пат

Приведен возач од Злетово, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот

Пијан возач излетал од пат

Во текот на вчерашниот ден околу 20 часот на регионалниот пат с.Лесново – Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.Ј.(64) од Злетово. Тој управувајќи патничко возило „шевролет спарк“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.81 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

To top