Култура Тумба Маџари

Љутков: Културното наследство не е минато што го чуваме по инерција, туку иднина што ја градиме со свест, посветеност и соработка

Потпишувањето на денешниот договор не е само правен акт – ова е чин на зрелост на заедницата што го препознава културното наследство како вредност што има смисла само кога заеднички се чува и се споделува.

Љутков: Културното наследство не е минато што го чуваме по инерција, туку иднина што ја градиме со свест, посветеност и соработка

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, австрискиот амбасадор Мартин Памер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Мајер, и директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Магдалена Манаскова, го посетија археолошкиот локалитет Тумба Маџари по повод потпишување Договор за долгорочно користење на парцела во сопственост на ЕВН што е во рамките на локалитетот.

Локацијата што денес се отстапува за долгорочно користење – во рамките на археолошкиот локалитет Тумба Маџари – станува дел од живата мрежа на научна работа, теренски истражувања, едукација и развој.

Кога јавниот и приватниот сектор застануваат на иста страна – на страната на заедничките општествени вредности – тогаш и ефектот никогаш не изостанува. Со потпишувањето на денешниот договор, локалитетот Тумба Маџари добива нова перспектива.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Министерот Љутков упати голема благодарност до г. Волфганг Мајер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, до ЕВН како компанија и до австрискиот амбасадор Мартин Памер за континуираната соработка во областа на културата.

Министерството за култура и туризам стои зад оваа иницијатива, активно поддржувајќи ја соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, создавајќи широк круг на поддршка и ангажман. Оваа партнерска врска не само што го зајакнува нашиот културен идентитет туку, исто така, го поттикнува развојот на туризмот и на економијата, притоа создавајќи нови можности за локалните заедници.

To top