Д Е М А Н Т / РЕАКЦИЈА НА ОБЈАВЕНА НЕВИСТИНА
Почитувани,
Во својство на полномошник на Градоначалникот на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, изразуваме најостра реакција и целосно ја демантираме содржината на објавата од 27.06.2025 година на интернет порталот kurir.mk, со наслов: „Латас: Имав понуда од Данела да работам на соборување на Мицкоски (ВИДЕО)“, во која се пренесуваат сериозни и неосновани тврдења изнесени од страна на г.Драган Павловиќ – Латас.
Во конкретниот текст, без ниту една проверена информација, без побарано мислење од засегнатата страна, се изнесуваат наводи за наводна средба меѓу Градоначалникот Арсовска и г. Павловиќ – Латас, при што ѝ се припишува наводна понуда за политичка активност и финансиски средства – што претставува целосна невистина и конструкција.
Со децидност потенцираме дека г-ѓа Данела Арсовска:
-Никогаш не остварила средба, ниту директен или индиректен контакт со г.Драган Павловиќ – Латас;
-Никогаш не му понудила, ниту имала намера да понуди каква било соработка, особено не за политички цели или активности насочени кон трета страна;
-Секогаш постапувала во рамки на јавниот интерес, транспарентно и одговорно, во согласност со највисоките етички и институционални стандарди.
Очекуваме од ваша страна, како медиум што треба да се раководи според принципите на професионално новинарство и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, да го објавите овој демант во целост и во рок од 48 часа, согласно член 13 од наведениот Закон. Во спротивно, ќе бидеме принудени да ги преземеме сите законски чекори за заштита на угледот и честа на Градоначалникот на Град Скопје.
ATTORNEY at LAW T.Arsov Ул.Орце Мартинов бр.30, 1400 Велес, Р.Македонија тел: 070/216-335 e-mail: [email protected] _____________________________________________________
Истовремено, ги повикуваме сите медиуми да се воздржат од пренесување на
сензационалистички и непроверени изјави кои претставуваат удар врз интегритетот на јавните
функционери и институциите. Градоначалникот Арсовска останува фокусирана на проектите во интерес
на граѓаните и на реализација на капитални инвестиции за модерен и функционален Скопје.
Со почит,
Скопје, 28.06.2025 год. Полномошник на Градоначалникот на Град Скопје
Адвокат Трајче Арсов