Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно го отвори својот настап на Вимблдон со победа против францускиот тенисер Александр Милер (41. АТП) со резултат 3-1, во сетови 6:1, 6:7, 6:2 и 6:2.
Најдобриот тенисер на сите времиња ја поздрави публиката на Централниот терен на комплексот во Лондон, а потоа симулираше пумпање – симбол на студентскиот бунт против режимот во Србија по уривањето на настрешница во Нови Сад и смртта на 16 лица.
Потоа, на прес-конференција, тој одговори и го објасни значењето на пумпањето по победата на почетокот на третиот Гренд слем во сезоната.
„Тоа е меѓу мене и моите деца. Имаме две песни што ги слушаме во последно време. Разговаравме за тоа како таа кореографија би можела да биде соодветна за која било победа на Вимблдон. Така ќе славам на Вимблдон во иднина. Тоа е симболична паралела“, рече Ѓоковиќ, а потоа откри за кои две песни станува збор.
„Едната е странска песна, денс хит наречен ‘Pump It Up’, а другата е ‘Baci sve sa sebe’, каде што во еден момент вели ‘pumpaj, pumpaj, zašto si stao’“, додаде Ѓоковиќ.
Во второто коло српскиот тенисер ќе игра против домашниот тенисер Даниел Еванс, 154. место на АТП листата.