Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на свечено отворање на најновата инвестиција на производствените капацитети на компанијата „Реплек“.
Отворањето на новиот производствен капацитет на „Реплек“ е дел од одбележувањето на 80-годишнината на компанијата.
На настанот, како што информираат од „Реплек“, најавено е присуство на министерот за здравство Азир Алиу, директорот на МАЛМЕД, Сабри Алити и амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер.