Во тежок и неизвесен натпревар на стартот, српскиот тениски ас и освојувачот на седум титули на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, успеа да го совлада Французинот Милер.
Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Милер започна со силен сет на Србинот, кој го доби со 6-1, а веќе во вториот сет следуваше неизвесна борба до самиот крај, па на крајот тој му припадна на Милер со 7-6.
Ѓоковиќ повторно без проблеми се врати во третиот сет за 6-2, за враќање на самодовербата и добивање и на клучниот четврти сет со 6-2.
Инаку, со своите седум титули на овој престижен турнир (2011, 2014, 2015, 2018, 2019, 2021, 2022), Ноле е втор во историјата кој го постигнал тоа, веднаш зад Федерер кој има осум освоени титули на тревата на Вимблдон.
Историското финале во 2019 година меѓу овие двајца врвни тенисери и до денес денес е најдолгиот меч во историјата на Вимблдон, со четири часа и 57 минути, а Ѓоковиќ успеа да го добие со драматичен тајбрејк во петтиот сет (13-12) за освојување на петтата титула.
Па, којзнае, можеби токму оваа година 38 годишниот тенисер ќе успее да се изедначи со уште една тениска легенда.