Фудбал Познат распоредот на новата сезона во Ла Лига

Барса тргнува кај Мајорка, Реал дома со Осасуна

Барса тргнува кај Мајорка, Реал дома со Осасуна
Шпанската Ла Лига вечерва го објави распоредот за новата сезона. Првото коло од новиот шампионат ќе се одржи на 16 и 17 август, а последното на 23 и 24 мај 2026 година.
Во премиерното коло ќе се сретнат Алавес – Леванте, Атлетик Б. – Севиља, Селта – Хетафе, Џирона – Рајо Ваљекано, Еспањол – Атлетико (М), Мајорка – Барселона, Елче – Бетис, Реал – Осасуна, Валенсија – Сосиедад и Виљареал – Реал Сосиедад.
Големото „Ел Класико“ бр 1. за новата сезона ќе се одигра на 26 октомври во рамките на 10. коло, кога Барселона му гостува на Реал на „Бернабеу“. Реваншот е следната година на 10 мај на „Камп Ноу“.
Реал (М) градските пресметки со Атлетико ќе ги одигра на 28 септември во рамките на 7-то коло (гости), а дома на 22 март во рамките на 29-то коло. Барселона ќе игра против тимот на Диего Симеоне на 11 јануари (дома) и 5 ​​април (гости).
To top