Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска одликува 226 војници, од кои 183 постхумно.
Според денешниот претседателски декрет, наградите се доделуваат за храброст прикажана во одбраната на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, како и за несебично извршување на воената должност.
Претходно, на 27 јуни Зеленски награди 283 војници. (МИА)