Македонија Движење За наша Македонија

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот, катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Македонија ќе биде членка на ЕУ – но не како народ без име, туку како Македонци со гордост, идентитет и достоинство! Нашиот пат е европски, но нашата душа е македонска!

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот, катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

СДСМ денес, повторно и очајно, се обиде да ја маскира сопствената безидејност и внатрешна распаднатост со кукавички, плиток и патетичен напад врз Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Прес-конференцијата на нивниот гласноговорник, Мартин Костовски е неуспешен обид за дефокус по историскиот, силен и масовен Конгрес на Движењето ЗНАМ, кој испрати порака до сите: Македонија се буди, а народот веќе не се плаши, велат од ЗНАМ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ЗНАМ:

И тука е коренот на нивниот страв. СДСМ не може ниту да замисли, а камо ли да организира Конгрес со над 420 делегати, со јасна национална визија и со масовна поддршка од народот.

Нивниот “конгрес” би можел да се одржи во поширока канцеларија, затоа што вистинските социјалдемократи одамна ги нема, и народот ги напушта засекогаш.

Тие нè напаѓаат затоа што сме гласни, храбри и исправени.

А тие не знаат поинаку освен да служат. На ДУИ. На бегалецот Артан Груби и Васко Ковачевски, на двоецот Заев-Филипче, дечките со златни визи, спремни за бегање.

Никој нема право да преговара за македонскиот идентитет! Јазикот, историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ не се предмет на преговори – тие се темелот врз кој стоиме! Македонија ќе биде членка на ЕУ – но не како народ без име, туку како Македонци со гордост, идентитет и достоинство! Нашиот пат е европски, но нашата душа е македонска!

Но, ајде да ги потсетиме граѓаните кое е навистина лицето кое стои зад овие обвинувања.

Кој е Мартин Костовски?

Човекот што денес зборува од име на СДСМ беше директор на Службен весник кога без потпис и спротивно на Уставот и законите го објави Законот за употреба на јазиците, со што изврши тешко кривично дело – Злосторничко здружување и уривање на уставниот поредок. Исто така, без потпис од Претседателот на државата, го објави законот за ратификација на конечната спогодба т.н. Преспански договор.

Тоа е вистинското лице на овој “патриот” кој тивко, тајно, зад грбот на народот, ги распродаде националните интереси. И за тоа ќе одговара!

Ние од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија не бегаме од вистината, туку се бориме за неа. Затоа ја предложивме и ја промовиравме НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА за македонско национално единство – документ што ги дефинира црвените линии
на македонскиот национален интерес и повикавме сите политички партии да ја прифатат, а тие без да ја погледнат, ја отфрлија.

Затоа им порачуваме:

Колку и да бегате од предавничката аура, предавничката кожа не се соблекува.

Вие немате ниту “П” од патриотизам.
Ниту “Д” од државност.
Ниту “Н” од национален интерес.

Движењето ЗНАМ не молчи – ние сме гласот на народот кој не може да го
купите, уцените или заплашите.

Времето на вашата лага заврши.
Времето на вистината почна.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top