Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска оствари средба со генерал Арунас Паулаускас, генерален комесар на литванската полиција и Гинтаре Гејманаите раководител на групата за меѓународна соработка, кои се дел од литванската делегација во посета на нашата земја.
Како дел од темите на разговор биле продлабочувањето на билатералната соработка, особено во насока заедничките безбедносни предизвици, како што се борбата против тероризмот, организираниот криминал и нелегалната миграција.
-Соработката со литванската полиција се заснова на постоечкиот билатерален договор, кој опфаќа широк спектар на области, меѓу кои спречување и борба против тероризам, трговија со дрога, кибер-криминал, перење пари, корупција, фалсификати, економски криминал, заштита на културно наследство и трговија со опасни супстанции.
Посебен акцент ставивме на размена на информации, координација на полициски мерки, заштита на сведоци, размена на експертски знаења и можноста за испраќање офицери за врска, сè со цел ефикасно справување со прекуграничниот криминал. Во фокусот на средбата беше и размената на позитивни практики од процесот на дигитализација кој е од суштинско значење како алатка при извршување на секојдневните работни задачи, потенцира Јанев.