„Уште еден сегмент што ќе биде проблематичен за нас е што нашите цели на способност во наредните десет години се поврзани со противвоздушна одбрана каде што договорите што ќе треба се склучат се во огромни суми“, вели министерот за одбрана.
Апсолутно не можеме на краток рок да достигнеме буџет од 3,5 % од БДП за одбраната, вели министерот Владо Мисајловски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Недостижна е бројката од 580 милиони евра (3,5% од 16,6 милијарди евра БДП) ако требаше годинава да се издвојат толку средства, додава Мисајловски.
„Уште еден сегмент што ќе биде проблематичен за нас е што нашите цели на способност во наредните десет години се поврзани со противвоздушна одбрана каде што договорите што ќе треба се склучат се во огромни суми. Имаше една дилема дали треба да биде седум, десет, некои земји бараат да биде 12 години, но консензусот се постигна на десет години. Останува да видидме во наредниот период сите земји да направат план, но она што искрено треба да го кажеме е дека многу земји едвај стигнуваат до два проценти од БДП“, вели Мисајловски.
Внимателно треба да се разиваат нашите капацитети, треба да се модернизраме како армија, но да не заборавиме дека треба да се модернизраат сите сфери во општеството, како болници и училишта, вели Мисајловски.
„Многу претседатели го спомнаа ова на билатералните и неформалните средби, но она што е загрижувачко што се случува во Европа и геополитичкиот свет каде многу земји се наоружуваат со огромни суми и затоа се вложуваат овие средства за да се покаже поголема сила. Особено во НАТО каде што треба да се покаже и се докажува дека е најголемата сила во светот“, посочи Мисајловски.
На прашањето дали ќе се стигнеше до ваква одлука на Самитот на НАТО во Хаг да не беше Доналд Трамп претседател на САД, Мисајловски вели дека токму поради администрацијата на Трамп се одреди 5% буџет за одбраната, затоа што САД бараат рамнотежа.