Македонија министерство за надворешни работи

Муцунски: Во фокус е македонската европска перспектива, тековниот процес на приближување кон ЕУ

Во рамките на разговорот разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални геополитички случувања, потенцира Муцунски.

Муцунски: Во фокус е македонската европска перспектива, тековниот процес на приближување кон ЕУ

Министерот за надвотешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски оствари средба со раководителка на Одделението за Западен Балкан при Европската служба за надворешни работи, Зузана Михалцова Шутиакова.

Во фокусот на разговорот беа македонската европска перспектива, тековниот процес на приближување кон Европската унија, како и актуелните безбедносни и стабилизациски предизвици во регионот. Ја нагласив неопходноста од континуирана безбедност и сигурност на Западен Балкан како предуслов за напредок на сите држави во регионот, при што ги потенцирав и последиците од пречките на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ, објави Муцунски.

Го истакнав и силниот фокус на државата кон реформските приоритети, Планот за раст, како и континуираната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика. Заедно со потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана со Европската унија, тие претставуваат јасен доказ за нашата доследна посветеност на европскиот пат. Тоа го потврдува и фактот дека нашата држава е лидер во регионот во делот на имплементација на реформската агенда, додаде тој во објавата.

Во рамките на разговорот разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални геополитички случувања, потенцира Муцунски.

To top