Македонија министерство за надворешни работи

Муцунски: Ова е цврсто сојузништво меѓу двете земји во рамките на НАТО

Во оваа насока, амбасадорот Велез Каросо ја изрази подготвеноста за понатамошно градење блиски и партнерски односи преку зајакнување на соработката во сите области од заеднички интерес, потенцираа министерот.

Муцунски: Ова е цврсто сојузништво меѓу двете земји во рамките на НАТО

Министерот за надворешни работи и надворепна политика, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Португалската Република со седиште во Белград, Жозе Руи Велез Каросо.

Денеска остварив средба со амбасадорот на Португалската Република со седиште во Белград, Жозе Руи Велез Каросо. Заеднички оценивме дека билатералните односи меѓу двете земји се добри и пријателски, со постоечки потенцијал и заемна посветеност за нивно натамошно унапредување и продлабочување. Разменивме мислења и за низа актуелни прашања од регионален и глобален карактер, како и за можностите за интензивирање на мултилатералната соработка, потенцира Муцунски.

Муцунски се заблагодарил за континуираната поддршка од Португалија на македонскиот евроинтеграциски пат.

Во оваа насока, амбасадорот Велез Каросо ја изрази подготвеноста за понатамошно градење блиски и партнерски односи преку зајакнување на соработката во сите области од заеднички интерес, потенцираа министерот.

Заеднички ја потврдивме важноста од цврстото сојузништво меѓу двете земји и во рамките на НАТО, преку заеднички ангажман во обезбедувањето на регионалната и европска стабилност, мир и просперитет.

Најнови вести од Македонија

To top