Вести Германија-Украина

Вадефул присигна во Киев за да ги продолжи разговорите за воена поддршка

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи.

– Ќе продолжиме цврсто да стоиме на страната на Украина за да може таа да продолжи успешно да се брани со модерна противвоздушна одбрана и друго оружје, со хуманитарна и економска помош, соопштено е од кабинетот на министерот Вадефул.

По рускиот воздушен напад вчера во кој беа вклучени стотици беспилотни летала, крстосувачки и балистички ракети, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД и другите западни сојузници да помогнат во воените напори на Украина, особено со зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина.

Германија е втор најголем воен сојузник на Украина по САД, јавуваат агенциите.

Најнови вести од Вести

To top