Кошарка Евробаскет 2025

Франција без Вембањама на Евробаскетот 2025

Актуелниот олимписки вицешампион Франција ќе биде значително ослабена на овогодинешното Европско кошаркарско првенство во машка конкуренција, кое ќе се одржи во Полска, Летонија, Финска и Кипар од 27 август до 14 септември, откако на поширокиот список од 18 имиња на новиот селектор Фредерик Фоту ги нема НБА ѕвездите, Виктор Вембањама и Руди Гобер.

Вембањама мораше да го откаже настапот на Евробаскетот поради згрутчување на крвта, што го ограничи на само 46 настапи за Сан Антонио Спарс изминатата НБА сезона, додека Гобер го откажа настапот со образложение дека му е потребен одмор.

Поради повреда, француската репрезентација ова лето ќе биде и без искусниот Еван Фурние, додека Николас Батум го објави своето повлекување од репрезентацијата по минатогодишните Олимписки игри во Париз.

Сепак, Фоту ќе има на располагање шест играчи од НБА лигата, Билал Кулибали, Александар Сар (двајцата од Вашингтон), Муса Диабате (Шарлот), Усман Диенг (Оклахома Сити), Закари Рисашер (Атланта) и Гершон Јабуселе (Филаделфија).

Заедно со нив, на списокот се и докажаните играчи од Евролигата, Матијас Лесорт (Панатинаикос), Тео Маледон (Асвел), Франк Нтиликина (Партизан), Ели Окобо (Монако) и Винсент Поарие (Анадолу Ефес).

To top