Скопје ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025

Прв Регионален саем за економски развој во општина Илинден

За посетители саемот ќе биде отворен во текот на овие два дена од 10:00 до 18:00 часот, а од 19 часот почнува забавната програма на паркингот веднаш до спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.

Прв Регионален саем за економски развој во општина Илинден

Во општина Илинден на 26 и 27 јуни (четврток и петок) , ќе се одржи првиот Регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“ во просториите на спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.

Станува збор за Регионлен саем пришто генерален покровител е Општина Илинден а организатор Панекс Експо, кој ќе биде фокусиран на промоција на економските можности на регионот. Целта на саемот е да се поврзат локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и други клучни актери за стимулирање на економскиот развој и создавање нови можности за раст.

Во текот на овие два дена, ќе се претстават компании од различни сектори, како што се од областа на индустријата, градежништвото, земјоделие, туризам, угостители и технологијата. Саемот ќе биде место за размена на идеи, контакти, искуства и проекти, токму она што му е потребно на современиот економски развој. Програмата вклучува и забавен дел, вечерни активности со диџеј и музика со што се отвора простор за вмрежување во опуштена атмосфера.

За посетители саемот ќе биде отворен во текот на овие два дена од 10:00 до 18:00 часот, а од 19 часот почнува забавната програма на паркингот веднаш до спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.

Најнови вести од Скопје

To top