Македонија меѓуинституционална соработка

МВР и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја унaпредуваат соработката

Еднаква примена на законите и заштита на правата на вработените во јавниот скетор ите како ќе придонесе во насока на остваурвање на сите оние демократски вредности во државата кои се обидуваме да ги постигнеме, изјави министерот Тошковски.

МВР и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја унaпредуваат соработката

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со директорот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) Лимко Бејзароски. На средбата разговарале за зацврстување на меѓуинституционалната соработка.

Во рамки на средбата се разговарало за имплементацијата на веќе потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството и Комисијата, со акцент на унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на механизмите за остварување и заштита на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата.

-Ценам дека потребата од подигнување на соработката на едно повисоко ниво секако ќе даде резултати во насока на поголема заштита на човековите права и равата на работниците како во рамки на министерствоот за внатешни работи така и во сите организациони единици во државата каде што секако воспоставување на еднаков третман за сите, еднаква примена на законите и заштита на правата на вработените во јавниот скетор ите како ќе придонесе во насока на остваурвање на сите оние демократски вредности во државата кои се обидуваме да ги постигнеме, изјави министерот Тошковски.

Претседателот на Комисијата, Лимко Бејзароски оцени дека меѓуинституционалната соработка е многу важна, посочи дека на средбата се разгоарало за унапредување на сектори во кои имаат заедничка улога за да се подобри општеството во неколку сфери.

-И тоа во сферата на еднаквите права и слободи, постапувањето односно на спроведување на законите од страна на државните инситуции и остаруање на правата во делот на барање на рана заштита, сите овие атрибути го прават нашето општество демократско, слободно и оштество каде граѓаните ќе се чувствуваат слободни во остварување на нивните права, тоа наш императив и заложба и уште еднаш ќе потврдам дека денешната посета на министерот е импулт повеќе во остварување на нашата цел и законска андлежност, а тоа е да ги гарантира правата на граѓаните, изјави Бејзароски.

Најнови вести од Македонија

To top