Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски: Филипче не бара оставка од тепачот Акиов и со тоа мотивира и други на насилство и хаос во Кочани

Филипче си игра со трагедијата во Кочани, без грам човечност злоупотребува и пробува политички да профитира и на најнекрофилскиот начин, изјави Јане Мицевски.

Мицевски: Филипче не бара оставка од тепачот Акиов и со тоа мотивира и други на насилство и хаос во Кочани

Филипче не бара оставка од тепачот Акиов и со тоа мотивира и други на насилство и хаос во Кочани. Венко Филипче има за цел да ја дестабилизира состојбата во Кочани и со создавање на хаос да добие некој ситен политички поен, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тепачот советник Аки Акиов делувал по налог на Заев и Филипче, и затоа нема ни збор од СДС во насока на негова оставка.

СДС и Филипче сакаат односот на Акиов да се преслика и кај други нивни политичари од Кочани и да го малтретираат градот.

Насилството на Акиов уште повеќе всади гнев во Кочани и нервоза“, потенцира Мицевски.

Филипче си игра со трагедијата во Кочани, без грам човечност злоупотребува и пробува политички да профитира и на најнекрофилскиот начин, изјави Јане Мицевски.

Најнови вести од Македонија

To top