Занимливости Слатко

ВИДЕО: Жеден еж спасен по пожар во Грција

Според грчките медиуми, ежот бил спасен по вчерашниот пожар во Килкис (Кукуш) во северна Грција, во близина на границата со нашата земја.

ВИДЕО: Жеден еж спасен по пожар во Грција

Меѓу остатоците од пожар и откако бил целосно изгаснат, грчки пожарникар пронашол мал (жеден) еж, го спасил и му дал вода, а видеото на социјалните мрежи го објавија од Противпожарната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, ежот бил спасен по вчерашниот пожар во Килкис (Кукуш) во северна Грција, во близина на границата со нашата земја.

Пожарникарот меѓу изгорената површина го забележал ежот и го спасил.

To top