Северна Кореја изутрината истрела повеќе од 10 ракети од повеќе лансери во областа Сунан во близина на главниот град Пјонгјанг, кои беа насочени кон северозапад, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од јужнокорејската армија, која не даде дополнителни детали.
Ракетите што ги користи севернокорејската армија обично се категоризирани од Јужна Кореја како балистички ракети со краток дострел.
На Северна Кореја и е забрането со резолуциите на Советот за безбедност на ОН да користи балистички ракети, наведуваат агенциите.