Македонија АНКЕТА НА МКД.МК

Речиси 90% од граѓаните сметаат дека корупцијата расте, над 80% дека Македонија оди во погрешна насока

Најголем дел или 87,1% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на минатата година.

Речиси 90% од граѓаните сметаат дека корупцијата расте, над 80% дека Македонија оди во погрешна насока

Само 9,2 отсто од македонските граѓани сметаат дека земјата се движи во позитивна насока, додека 60,25% сметаат дека оди во негативна насока. Ова го покажува последното истражување на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн од 8 до 15 декември на 1.067 испитаници. Дури две третини од испитаниците не поддржуваат давање на концесија на хидроцентралата Чебрен на грчка компанија.

Интересно е тоа дека испитаниците од македонската етничка припадност во споредба со испитаниците од албанска во поголема мера сметаат дека земјата се движи во негативна насока – 66,1% и 47,3%.

Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале дури 29,9% од испитаниците.

Приближно половина или 44,1% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата се економијата, инфлацијата и намалената стопанска активност.

Најголем дел или 87,1% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на минатата година.

Сите резултати од истражувањето погледнете ги на МКД.МК

To top