Свет

Ирак тврди дека нема закана по дипломатските мисии во земјата

Ирак денеска соопшти дека врз основа на разузнавачки информации и податоци од теренот нема закана по дипломатските мисии во земјата

Ирак тврди дека нема закана по дипломатските мисии во земјата

Ирак денеска соопшти дека врз основа на разузнавачки информации и податоци од теренот нема закана по дипломатските мисии во земјата.

Соопштението уследи откако САД најавија намалување на својот персонал во амбасадите на Блиски Исток, поради регионалните немири.

Стејт департментот нареди заминување на својот несуштински персонал од Амбасадата на САД во Багдад со цел „да се зачува безбедноста на Американците, и дома и во странство“. Персоналот на Амбасадата во ирачкиот главен град веќе е намален, така што наредбата нема да влијае на поголем број луѓе.

Стејт департментот, исто така, одобри заминување на несуштински персонал и членови на семејствата од мисиите во Бахреин и Кувајт

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, исто така одобри доброволното заминување на воените лица од локации низ регионот на Блиски Исток.

Изминатите денови зголемени се тензиите во регионот по застојот во преговорите помеѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран.

To top