Македонија

Петрушевски: Кога СДС и ДУИ ќе пуштат директива, копи-пејст ПР-служба во служба на мафијата

Петрушевски: Кога СДС и ДУИ ќе пуштат директива, копи-пејст ПР-служба во служба на мафијата

Кога СДС и ДУИ ќе пуштат директива – а сајтовите на Мечка и Филип П ќе ја копираат со граматичка грешка
„Османи му на Мицкоски…“ – и што му? Му кимна? Му мавна?, пишува пратеникот Бране Петрушевски на социјалните мрежи.

Тој вели дека недостасува зборот „одговори“, ама тоа не ги спречило, како што истакнува тој, партиските портали на СДС и ДУИ да тркнат со идентичен наслов – иста грешка, ист шаблон, разлика од неколку минути.

-Ова не е новинарство. Ова е копи-пејст ПР-служба во служба на мафијата. Толку им е итно да го амортизираат ударот од Мицкоски, што немаат време ни запирка да стават, ни реченица да довршат. Наместо вистински одговор на прашањата за криминалот, корупцијата и дипломатските срамоти, тие нудат автоматизирани вресоци од партиските портали. И уште мислат дека некој верува. Па зарем не е јасно: Османи нема што да одговори – затоа наместо со факти, пушта нарачани медиумски фусноти. А и тие, во стилот на СДС-ДУИ: полуписмено, без срам и без мисла, вели Петрушевски.

Најнови вести од Македонија

To top