Македонија рок од 4 месеци

ФОТО: Започна санацијата на покривот на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Оваа интервенција е од клучно значење за заштита на објектот, но и за нормално и достоинствено функционирање на оваа институција, која е чувар на пишаното културно и научно паметење на државата.

ФОТО: Започна санацијата на покривот на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

„Започнуваат работите за санација на покривот, поточно втората етапа – блокови 3 и 5 – од првата фаза за санација на рамната, непроодна тераса на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски – Скопје“, информираше министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на оваа национална установа.

Министерство за култура и туризам

При неговата прва посета на оваа институција, која е ремек-дело на познатиот архитект Петар Муличковски, Љутков вети дека проблемот со протекувањето, кој со децении ја нарушуваше работата и го загрозуваше книжевното богатство, ќе биде решен.

Министерство за култура и туризам

-По спроведената јавна набавка, склучен е договор со фирмата ’Изградба комерц‘ од Скопје во вкупна вредност од 23.675.599,00 денари со вклучен ДДВ. Во вредноста се вклучени сите неопходни трошоци за реализација на проектот, што треба да се реализира во рок од 4 месеци, а за изведените градежни работи и вградените материјали е обезбеден гарантен рок од 5 години. Паралелно, обезбеден е и професионален надзор преку компанијата ’МБМ Архитекти‘ од Скопје, специјализирана за архитектонски дејности, рече Љутков.

Оваа интервенција е од клучно значење за заштита на објектот, но и за нормално и достоинствено функционирање на оваа институција, која е чувар на пишаното културно и научно паметење на државата.

To top