Коби Брајант загина во јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џијана и уште 7 луѓе во Калифорнија.
Речиси 4 години подоцна во јавноста се појави извештај од обдукцијата на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и се откриени некои нови, вознемирувачки детали.
Хеликоптерот се запалил по падот и за жал никој од патниците немал шанса да преживее, но и да не се случело тоа, шансите Коби да го преживее падот биле мали.
Just seen the Kobe Bryant autopsy report 💀
pic.twitter.com/BtoPEDT0HE— Creepy.org (@CreepyOrg) December 22, 2023
Ова го потврдува и обдукцискиот извештај. Во него се наведува дека Брајант се здобил со тешки повреди на главата, белите дробови, абдоменот, како и сериозни повреди на вратот, ‘рбетот и мозокот…
Покрај тоа, се наведува дека тој останал без десната рака, како и без левата нога. Според овој извештај, Коби бил мртов уште пред да се запали хеликоптерот, а вознемирувачките детали од обдукцијата се прикажани како слика.
Извештаите на другите патници не се објавени, барем не јавно, но се претпоставува дека и тие претрпеле слични повреди како Брајант и дека, за жал, за никој од нив немало спас.
Многумина се збогуваа со Коби низ годините, а исто така беше откриено дека неговата статуа ќе биде истакната пред салата на Лејкерси на 8-ми февруари 2024 година.
За потсетување, по падот на хеликоптерот, во јавноста брзо се појавија фотографии на кои се гледаат изгорени тела, а поради ова сопругата на кошаркарот, Ванеса Брајант, го тужеше Лос Анџелес, бидејќи полицајците ги споделиле таквите фотографии. Таа го доби случајот на суд и градот ќе треба да ѝ плати отштета од 15 милиони долари.