Македонија Историски чекор

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција со веб-страница достапна за лицата со попреченост

-Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите, посочуваат од министерството.

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција со веб-страница достапна за лицата со попреченост

Министерството за социјална политика, демографија и млади стана првата јавна институција која има целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1.

-Ова претставува историски чекор кон дигиталната инклузија и еднаквост. Со поддршка на тимот од AccessWay, овозможивме веб- страницата на министерството да стане достапна за сите корисници, вклучително и за лицата со визуелна, моторна или когнитивна попреченост. Ова исклучително достигнување испраќа силна порака – Инклузијата започнува од пристапот, велат од министерството.

Министерството ги повикува сите јавни институции да го следат овој инспиративен пример.

-Заедно можеме да изградиме општество и иднина што ќе биде поправична, поеднаква и поинклузивна за сите, посочуваат од министерството.

Посетете ја: www.mtsp.gov.mk

Најнови вести од Македонија

To top